Опис
D-mannURO е диететски производ, додаток во исхрана кој се користи кај уринарни инфекции. D-манозата, како главна состојка на овој препарат претставува шеќер кој помага во превенција и отстранување на симптомите при инфекции на уринарниот тракт и мочниот меур. Најчеста причина за инфекции на уринарниот тракт е Escherichia coli. D-манозата делува така што се врзува за бактериските клетки и на тој начин го спречува нивното врзување за ѕидовите на мочниот меур, со што се зголемува нивното излачување со урината. Дозирање при акутни состојби: првите 3 дена по 2 кесички на ден, следните 7 дена по 1 кесичка на ден.