Опис
Мелемот со невен се користи за интензивна нега на сува и испукана кожа. Наменет е за нега на кожа, заздравување на ранички на кожа, заштита на кожата од студ, ветер и други надворешни влијанија. Мелемот со невен помага при воспаленија на кожа, го забрзува процесот на зараснување на испукани брадавици, мали опекотини и гребаници на кожа како и при модрици. Служи само за надворешна употреба.