Опис
Чајната мешавина помага во ублажување на проблемите кои се јавуваат кај инфекции предизвикани од Escherichia coli. Escherichia coli е бактерија која е нормален жител на нашита црева. Под одредени услови може да се размножи, да стигне до мочниот меур и да предизвикат инфекција. Чајот против E. coli е направен со комбинирање на растенија (надземен дел од коприва, лист од мечкино грозје, пченкарна свила, надземен дел од килавица, корен од зајачки трн, корен од магдонос и сладок корен), кои го стимулираат лачењето на урина со што се намалува можноста бактериите да стигнат во мочниот меур.