Опис
Карл Бранден моментално работи во Центарот за микробиологија и биологија на тумори во Институтот „Каролинска“ во Стокхолм. Тој има исклучителна истражувачка и едукативна кариера со голем придонес кон разбирањето на многу биолошки структури.
Џон Туз е молекуларен биолог, директор на Одделот за поддршка при лабораториите од Кралската фондација за истражување на карциномот со седиште во Лондон. Автор е на неколку книги и на многубројни статии.
Ова дело првенствено е наменето за фармацевтската индустрија која во текот на минатата декада стана главен корисник на базите со протеински структури. Познавањето на атомската структура на ензимите и на рецепторите е од непроценливо значење при барањето специфични и силноврзувачки инхибитори. Едно е сосема сигурно; определувањето на атомската структура на целните молекули ќе игра значајна улога во конципирањето на лековите.
Секако дека подобрените познавања на протеинската структура нема да бидат ограничени само за фармацевтската индустрија, туку се употребуваат и во хемиската индустрија за развој на нови и поспецифични пестициди и хербициди, како и во прехранбената индустрија.
Денес, во Протеинската банка во Бруклин, Њујорк, се поставени координатите на повеќе од 6.500 протеини. Бројот на структурите и на биолошките системи со кои се поврзуваат се толку многу што, неминовно, водат кон фрагментирање и кон специјализирање на протеинските структури. Авторите направиле обид да опишат што е можно повеќе најбитни протеински структури со додавање многу детали кои, сепак, нема да ги нарушат основните концепти.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.