Реквием Бестселери за млади Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 12764 Категорија Ознака:

Реквием

425 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Бестселери за млади

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Ова возбудливо финале на трилогијата „Делириум“, што се најде на листата на најпродавани книги според „Њујорк тајмс“, е спој на акција и романса, полна со опасности, внатрешни дилеми и забранета љубов.

Сместена во дистописките Соединети Американски Држави, приказната продолжува од моментот кога повторно се појавува Алекс, првата љубов на Лена, момчето кое го сакаше, момчето кое мислеше дека е мртво. Но, веќе ништо не е исто!

Пред сè, самата Лена е променета. Таа сега е дел од отпорот, во средиштето на борбите. Дивината веќе не е безбедна, а регулаторите се насекаде, решени да го истребат отпорот. Променет е и Алекс, измачуван, сигурен дека ќе умре во затворот, полн горчина и бес. Од друга страна, тука е и Џулијан, момчето кое го спаси Лена, момчето во кое штотуку почна да се вљубува.

Во меѓувреме, најдобрата другарка на Лена, Хана, живее безбеден живот без љубов во Портланд, спарена со новиот градоначалник, Фред Харгров. „Реквием“ е раскажан од двете перспективи, онаа на Лена и онаа на Хана, сè додека најпосле нивните приказни не се соединат.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.