Опис
Royal Jelly или матичен млеч е највреден пчелин производ. Претставува концентрат од аминокиселини, витамини (Б5, Б6, Ц), минерали, ензими, елементи во траги и есенцијални масни киселини како што е 10 HDA, која се наоѓа само во матичниот млеч. Матичниот млеч поради присувството на имуноглобулини ја зголемува природната отпорност на организмот кон разни инфекции и заболувања. Позитивно делува на зголемување на енергијата, општата состојба на организмот, јакнење на имунитетот, ја подобрува физичката подвижност и позитивно делува кај лица изложени на тежок физички и психички напор (памтење, учење, спорт).