Опис
Зелениот чај со ѓумбир е одлична билна мешавина богата со витамини (Ц, А, Б, Е), минерали (калиум, магнезиум) и активни состојки кои ќе Ве освежат, но и ќе го зајакнат Вашиот имунолошки систем. Зелениот чај содржи витамин Ц, катехини и полифеноли кои имаат позитивно дејство врз целиот организам. Содржи силни антиоксиданси кои ги спречуваат негативните ефекти на слободните радикали. Коренот од ѓумбир во чајот ја подобрува циркулацијата на крвта дествувајќи како вазодилататор. Бидејќи ја стимулира продукцијата на желудочните сокови, ги релаксира дигестивните мускули, ги апсорбира и неутрализира отровите во желудникот и помага при грчеви и лошо варење на храната.