Novalac 2 | 6-12 месеци млечна формула, 400г Бебе Формула Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: NOVALA11 Категорија Ознака: Brand:

Novalac 2 | 6-12 месеци млечна формула, 400г

 

442 ден

Нема на залиха

Категории: Бебе Формула

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Novalac 2 млечната формула е прилагодена за исхрана на доенчиња постари од 6 месеци.

Опширен опис:
Novalac 2 млечната формула е прилагодена за исхрана на доенчиња постари од 6 месеци. Дел е од разновидната храна, но во првите 6 месеци не смее да се употребува како замена за мајчино млеко. Соодветна е како дополнителна храна ако доењето не е доволно, и како преодна храна по употребата на Novalac 1 почетна млечна формула за доенчиња.
Универзалната млечна формула Novalac 2 има сличен состав како мајчиното млеко. Ги содржи сите протеини, масти, јаглехидрати, аминокиселини, витамини и минерали кои се потребни за здрав раст и развој на доенчиња.
Novalac 2 е дел од големата група на посебно прилагодени производи за доенчиња со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детска млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
За кого е наменета Novalac 2?
Доенчиња без проблем со варење
Доенчиња на возраст над 6 месеци
За доенчиња како дополнување на разновидна исхрана
Yпотреба
Вообичаено дозирење на млечната формула Novalac 2:

До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,5 г млечна формула Novalac 2.
Една доза растворете во 30 мл вода.
* како дел од разновидната исхрана

Упатство за употреба: Подготовка на Novalac
ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ
Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.
Водата за припремање на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.
Водата во садот оладете ја до 40 °C и ставете ја во шишенцето.
Во шишето ставете го препорачаниот број на мерици млеко.
Шишенцето затворете го и добро измешајте за прашакот потполно да се раствори.
Подготвениот оброк оладете го да стане млак (37 °C) односно додека на кожата не осетите ни топло ни ладно.
Предупредувања
Mајчиното млеко е најдобрата храна за дооенчиња. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.
Пакување
лименка, 400 г

Vacation Image

Годишен одмор

Почитувани, поради колективен одмор нема да сме во можност да испорачаме до среда 24.06. Можете да направите нарачка, но внимавајте на доцнењето. Ви благодариме за разбирањето!

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.