Јип и јанеке Андерсенова награда Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 12997 Категорија Ознака:

Јип и јанеке

238 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Андерсенова награда

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Јип и Јанеке: книга прва (Jip En Janneke 1, 1952) е првата од серијалот од вкупно осум книги што Ани М. Г. Шмит ги издава во периодот од 1952 до 1957 година.
Јип и Јанеке се најпознатите и најомилените холандски детски ликови, кои дури си го најдоа местото и на листата на „пет типично холандски феномени“. 
Приказните за овие две деца од претшколска возраст кои повеќе од педесет години ги освојуваат срцата на младата читателска публика ширум светот, се крајно духовити, пишувани со едноставен јазик и карактеристична смисла за хумор. 
Надополнети со оригиналните црно-бели илустрации на Фип Вестендорп, книгите за Јип и Јанеке влегуваат на листата на најдобрите детски книги на сите времиња.
Јип и Јанеке се најдобри другари. Тие играат заедно, се смеат, често се караат, прават палавштини и запаѓаат во неволи, чуваат кучиња и мачиња и, како и сите други деца, јадат многу слатки. Со нивните безвременски авантури, придружувани со многу смеа и солзи, децата од предучилишна возраст и ден-денес лесно можат да се идентификуваат.
Ани М. Г. Шмит се смета за најпознатата холандска авторка на XX век. Таа е добитник на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ во 1988 година.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.