Опис
Скулптурата сега дава панорамски преглед на динамичките развојни  текови во скулптурната практика низ светот од средината на 190-тите до денес,  скицирајќи ги главните трендови и идентификувајќи ги пионерите што сѐ уште  пробиваат нови патишта и континуирано ја менуваат современата агенда.
Авторитативна и лесно читлива,  книгата на Ана Мошинска е структурирана околу седум клучни теми- од употребата  на телото во склуптурата и апропријацијата на секојдневни уметници, како и  односот со дизајнот и сродните дисциплини и огромното влијание на инсталацијата  врз уметноста на дваесет и првиот век.
Низ страниците на ова дело,  реномираните скулптори како Џев Кунс, Ај Вејвеј, Дејмијен Херст, Габриел  Ороско, Иза Генцкен, Мирослав Балка и Дорис Салседо се поместени рамо до рамо  со внимателно направен пресек на најперспективните млади меѓународни таленти,  како Сопијап Пич, Анселм Рејле, Карла Блек, Сара Зи и Томас Хаусаго.
Со повеќе од 200 илустрации во  боја на кои е прикажан широк спектар на уметнички дела, Скулптурата сега нуди суштински вовед кон една од највозбудливите и  најекспериментални форми на современата уметничка практика.




















