Опис
Универзалната почетна млечна формула Novalac 1 е наменета за доенчиња од раѓање до 6 месеци, доколку мајките не ги дојат или само делумно ги дојат новороденчињата.
Опширен опис:
Novalac 1 е дел од големата група на производи кои се посебно прилагодени за доенчиња со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет. По навршување на 6 месеци се препорачува преминување на млечна формула Novalac 2.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детска млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (GMO), и не содржи глутен.
За кого е наменета Novalac 1?
Доенчиња од раѓање до 6 месеци
Доенчиња без проблем со варењето
Yпотреба
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac 1:
До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 г млечна формула Novalac 1.
Една доза растворете во 30 мл вода.
Упатство за употреба: Подготовка на Novalac
ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ
Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.
Водата за припремање на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.
Водата во садот оладете ја до 40 °C и ставете ја во шишенцето.
Во шишето ставете го препорачаниот број на мерици млеко.
Шишенцето затворете го и добро измешајте за прашакот потполно да се раствори.
Подготвениот оброк оладете го да стане млак (37 °C) односно додека на кожата не осетите ни топло ни ладно.
Предупредувања
Mајчиното млеко е најдобрата храна за дооенчиња. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.
Пакување
лименка, 400 г