Механика на клетката Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10575 Категорија

Механика на клетката

1,275 ден

Време на достава: денес, 21.01.2025 по 16ч; Надвор од Скопје: од утре, 22.01.2025 до четврток, 23.01.2025 до 17ч

Qty

Категории: Uncategorized

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

За разлика од бетонските и од челичните градби, повеќето механички елементи на биолошките клетки се меки, во смисла дека нивниот облик е подложен на значителни термички флуктуации. Тука се поставува прашањето како овие клеточни материјали дејствуваат меѓусебно и создаваат функционална клетка.
Одговорот го дава професор Давид Боул на околу 400 страници стручна литература. Тој е професор по физика на Универзитетот „Симон Фрејзер“ во Ванкувер, Канада. Негов актуелен интерес е биофизиката (особено механичките особини и еволуција на клетката) и статичката механика на мрежите и на мембраните.
Овој текст е, првенствено, наменет за студенти по природни науки и биоинженеринг. Во него се истражува архитектурата на клеточната обвивка и внатрешната скелетна структура, како и својствата на нејзините меки компоненти. Најпрво се разгледани својствата на одделни флексибилни полимери, мрежи и мембрани, а потоа се обработуваат едноставни композитни состави, како што се бактериите и синтетичките клетки. Анализите се изведени во конзистентна теоретска рамка и заедно со речникот на термини и дадените прилози овозможуваат брзо осознавање на хемиската номенклатура, структурата на клетката, статичката механика и теоријата на еластичност. На тој начин текстот добива на широчина и на пристапност, станувајќи примамливо четиво за пошироката академска публика со различни познавања од областа.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.