Опис
Математика, физика, хемија, биологија, екологија, историја, географија, уметност… Ова вредно енциклопедиско издание содржи три тома кои се нудат во комплет кое изобилува со научни факти и занимливости, кое така конципирано ќе им помогне на учениците при секојдневното учење. Нуди прецизни објаснувања за многу области и училишни предмети и уште на прво разгледување се издвојува од другите училишни енциклопедии според квалитетот, прегледноста и богатството на фактографски податоци наведени во неа.
Исто така, енциклопедијата содржи специјално подготвен материјал од областа на македонскиот јазик и македонската историја со концизен и јасен преглед на сите клучни принципи, информации и факти што учениците би требало да ги запомнат.
Со користењето на оваа содржински и визуелно привлечна енциклопедија учениците на многу едноставен начин можат да ги прошират своите знаења и да бидат инспирирани да поставуваат прашања и да бидат мотивирани да го откриваат светот околу себе.
Првата училишна енциклопедија е незаменлив прирачник во секој дом и огромна помош при учењето и развојот на децата од најрана возраст. Со неа тие ќе научат да ги користат и другите пишани материјали како извори на информации и податоци и ќе знаат да ги препознаат фактите, наспроти морето произволни информации кои секојдневно допираат до нив преку интернет.