Бас-саксофон Прошетка низ Европа Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11635 Категорија

Бас-саксофон

250 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Прошетка низ Европа

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Двете новели во овој избор се репрезентативни за интересите на Шкворецки: поетични и живописни портрети на трагикомичноста на тоталитарните режими, Бас-саксофон и Легендата Емеке ја користат џез-музиката не само како позадинска мрежа што го вплеткува читателот во низа колоритни халуцинации, туку и како дел од самата фабула, како непрестајна сугестија дека, поради неговата тенденција кон импровизации и вдахновена креативна енергија, џезот секогаш ќе биде анти-авторитарен. 
Бас-саксофон има автобиографски призвук: самиот Шкворецки многу лошо свирел тенор-саксофон за бендот наречен Црвена музика за време на нацистичката окупација на Чешка, период во кој џез-музиката е забранета од режимот како дело на Црнците и на Евреите во Америка. Поради тоа, џезот се преместува во илегала и станува израз на протест против нацизмот и неговата цензурирачка политика врз културата и слободата на изразување. Самата новела го следи животот на еден џезер кој, опседнат од „забранетата музика”, се вплеткува во низа надреални искуства и ситуации. Новелата е пишувана во прво лице и се движи меѓу сегашноста и минатото говорејќи и за социјалната и политичка историја на еден народ, но и за личната голгота на поединецот под репресивните режими.
Легендата Емеке кон џезот реферира периферно: повеќе се фокусира врз опсесијата на младиот наратор со мистериозната Емеке од насловот. Нараторот, за несреќа, се соочува со конкуренција во форма на постар службеник од Комунистичката партија кој своите комплекси на низок службеник ги изразува преку расипаност и сплеткарење (секако, одраз на самиот систем). Заплетот доаѓа кога, џез-танцот на младиот наратор со Емеке (во текот на кој тој се обидува да ја изрази и својата љубов) е прекинат од стариот партиски службеник. Одмаздата доаѓа подоцна. 
Јозеф Шкворецки (27 септември 1927 – 3 јануари 2012) е чешко-канадски автор кој, иако поголемиот дел од животот го поминува во својата присвоена татковина, пишува исклучиво на својот роден јазик. Причина за бегството во Канада е советската инвазија на Чехословачка, настан на кој Шкворецки одговара со прекуатлантското востановување на издавачката куќа 68 Publishers која станува нуклеус на чехословачкиот интелектуален отпор против СССР сè до падот на комунизмот (меѓу другото, Шкворецки е одговорен и за објавувањето на Храбал, Кундера, Сајферт). Ова остава трага и врз неговото творештво во кое Шкворецки истражува теми како тоталитаризмот и репресијата, искуствата на иселениците и џез-музиката. Во 1980 година, врачена му е Нојштад меѓународната награда за литература, можеби и најпрестижната меѓународна награда по Нобеловата – за која исто така е номиниран.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.