Мајчината рака Прошетка низ Европа Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13046 Категорија

Мајчината рака

213 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Прошетка низ Европа

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Последниот роман на Маројевиќ ја следи формулата на неговите претходни дела; детабуизирање теми што општеството ги смета за незгодни. Во овој роман табуто се однесува на имотите на германските цивили (т.н. фолксдојчери), кои им се одземени од тогашните власти во 1945 година.

Протагонистот на романот е гимназијалец кој, покрај желбата да ја загуби невиноста, упорно сака да ја открие и големата тајна за која сите молчат, а која е врзана со куќата на неговата тетка во која, заедно со својата мајка, се вселува по нејзиниот развод и големиот земјотрес во Црна Гора од 1979 година. Имено, сосема случајно, момчето открива траги што говорат дека претходните сопственици на куќата биле Германци. Но, кои биле тие и зошто го напуштиле домот? Како се вселило неговото семејство? Како сенката на историјата влијае врз созревањето? И дали и љубовта може да биде условена од историјата? Ова се само неколку прашања што овој роман ги поставува на возбудлив, духовит и интригантен начин.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.