Живеев со ѕвездослав Прошетка низ Европа Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11665 Категорија

Живеев со ѕвездослав

200 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Прошетка низ Европа

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Романот Живеев со Ѕвездослав е роман за немата женска историја, за талентираните жени во сенка, за стегите и стереотипите на општеството. Овој роман го деконструира митот за поетот-гениј, преместувајќи го фокусот на раскажување врз неговата сопруга во сенка. 

Ставајќи го во преден план женскиот поглед на светот и на животот, романот всушност се свртува кон женските микронарации, маргинализираната женска историја и проговорува за она за што своевремено се молчело. 

Живеев со Ѕвездослав е роман за малите нешта, за градините и цвеќињата, за ручекот и колачите, за големиот бард кој не смее да се вознемирува кога пишува и за неговата тивка жена, а пред сè е роман за љубовта. 

***
Јана Јурањова е родена во 1957 година во Сеница, Словачка. Студирала руски и англиски јазик во Братислава. Работела како драматург во театарот во Трнава, како главен и одговорен уредник на списанието „Словачки погледи“ (1991-1993), како коментатор во „Слободна Европа“ и била уредник на многу книжевни проекти. Во 1993 година, заедно со повеќе соработнички, го основала феминистичкиот културен, образовен и издавачки проект „Аспект“. До денес е негова координаторка. Пишува проза и драма. Нејзини најпознати дела се Живеев со Ѕвездослав (роман), Зоолошка градина (проза), Страдањата на стариот мачор (проза), Мрежи (проза), Саломе (драма), Темата Мајаковски (драма). Таа е исто така позната и како писател за деца и млади. Нејзините дела се преведени на англиски, германски, унгарски, словенечки и на шведски јазик. 
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.