Опис
Омега 3 1000 се меки желатински капсули кои се користат за заштита на срце и крвни садови. Рибиното масло кое влегува во состав на овие капсули, содржи значајна количина на омега-3-масни киселини. Омега 3 масните киселини го намалуваат зголемениот крвен притисок, го намалуваат зголеменото ниво на триглицериди и на тој начин помагаат во спречување и развој на атеросклероза. Поради наведените особини омега-3-масните киселини се препорачуваат за заштита на срцето и крвните садови. Дозирање 1 капсула на ден.