Опис
Инспириран од воените искуства на таткото и роднини на авторката, Ту е потресно сведоштво за младите жртви на последната голема војна. Трагиката на овие спомени е двојна: маорските момчиња ги напуштаат своите огништа за да се борат на другата страна на светот. Во војна што, како и секогаш, не е нивна.
Кој е товарот на тоа да се биде единствен преживеан?
И што се случило со неговите браќа?
Одговорите се наоѓаат на страниците на неговиот дневник.