Скулптурата сега Архитектура Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13287 Категорија Ознака:

Скулптурата сега

650 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Архитектура

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Скулптурата сега дава панорамски преглед на динамичките развојни текови во скулптурната практика низ светот од средината на 190-тите до денес, скицирајќи ги главните трендови и идентификувајќи ги пионерите што сѐ уште пробиваат нови патишта и континуирано ја менуваат современата агенда.

Авторитативна и лесно читлива, книгата на Ана Мошинска е структурирана околу седум клучни теми- од употребата на телото во склуптурата и апропријацијата на секојдневни уметници, како и односот со дизајнот и сродните дисциплини и огромното влијание на инсталацијата врз уметноста на дваесет и првиот век.

Низ страниците на ова дело, реномираните скулптори како Џев Кунс, Ај Вејвеј, Дејмијен Херст, Габриел Ороско, Иза Генцкен, Мирослав Балка и Дорис Салседо се поместени рамо до рамо со внимателно направен пресек на најперспективните млади меѓународни таленти, како Сопијап Пич, Анселм Рејле, Карла Блек, Сара Зи и Томас Хаусаго.

Со повеќе од 200 илустрации во боја на кои е прикажан широк спектар на уметнички дела, Скулптурата сега нуди суштински вовед кон една од највозбудливите и најекспериментални форми на современата уметничка практика.

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.