Опис
Романија. Банат. Живописни планини што се протегаат над Дунав.
Село во кои Чесите живеат повеќе од два века. Свет во кој стои времето.
Млад учител од Моравија доаѓа во едно од овие села. Тој доаѓа за да заборави.
Но, секојдневната реалност на руралниот живот и срамежливите обиди да се
интегрира во ова затворено општество се надвиснати од интензивните сеќавања.
Во мир и изолација, среде опојните убавини на Банат, како секоја мала работа
да сака да го потсети на детството, горчливите години во гимназијата, загубените љубовници, патувањата, бегствата…
Младиот автор Матеј Хоржава ни претставува медитативна, автобиографска и стилистичко значајна проза која во 2015 година се закити со престижната чешка
литературана награда Магнезија Литера во категоријата за дебитант на годината.