Опис
Џан До е прогонуван син на изгубена мајка – пејачка која била „украдена“ во Пјонгјанг – и на влијателен татко кој ги води „Долгите утра“, работнички камп за сираци. Тука момчето за првпат ја вкусува моќта, избирајќи кои сираци ќе јадат први и кои ќе бидат испратени на физичка работа. Признат поради неговата лојалност и изострени инстинкти, Џан До им паѓа во очи на функционерите во државата. Тој напредува во хиерархијата и започнува патување од кое што нема враќање.