Опис
Остеовит е диететски производ, додаток во исхраната кој е наменет за превенција при остеопороза. Формулиран е така што содржи оптимална количина на калциум, витамин Д, цинк и витамин Ц кои се неопходни за зачувување на здрава коска. За да се вгаради калциумот во коските потребен е витамин Д. Доколку во телото недостига витаминот Д, калциумот внесен во организмот нема да може да се искористи. Витаминот Ц пак влијае на коскениот матрикс кој 90% е изграден од колаген, а витаминот Ц е есенцијален за создавање на колагенската структура.