Мртви души Ѕвезди на светската книжевност Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 12925 Категорија Ознака:

Мртви души

300 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Ѕвезди на светската книжевност

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

„Почнав да ги пишувам ’Мртви души‘“, прибележува Николај Васиљевич Гогољ во едно писмо од 7 октомври 1835 година до Пушкин. „Сижето се развлече во предолг роман и, изгледа, ќе биде многу смешен […] Би сакал во овој роман да ја покажам, макар само од една страна, сета Русија.“ Кога подоцна Пушкин ќе ги слуша првите глави од поднасловената „поема“, смеата на поетот станувала сè помрачна и помрачна сè додека во еден момент конечно не извикал: „Боже, колку е тажна нашата Русија!“
Напишан дваесетина години пред укинувањето на крепосното право во Русија и во периодот на голема социјална неправда и целосно изместен вредносен систем, „Мртви души“ без двоумење може да се смета за уникатен роман, своевиден еталон за иронична проза. Капиталното дело на Гогољ е од непроценливо значење за историјата на руската книжевност, за општествената и за христијанско-философската мисла, дело со кое се поставуваат темелите на рускиот реализам и конечно му се става крај на имитирањето на западната литература во Русија. Инспириран од пикарескните романи на барокните векови и со намера да ги модернизира и локализира визиите на Хомер и на Данте, „Мртви души“ го следи патувањето на главниот лик, дворјанинот Павел Иванович Чичиков, кој низ неколку мали руски градови купува „мртви души“ и се обидува да го искористи парадоксот на руската бирократија да не се отпишуваат умрените закрепостени селани од државните книги со крајна намера да ги претстави истите како свој посед за да добие банкарски кредит и потоа да стане угледен големопоседник.
Дел од „златниот фонд“ на руската книжевност, „Мртви души“ третира низа идеи и проблеми што стануваат сè поактуелни – и не само во средини како нашата. Цитатите од книгата се широко распространети уште во XIX век, а и ден-денес нејзината содржина нѐ изненадува со својата современост и извонреден хумор.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.