Опис
KANOIL MAST 600MG CBD/50 G
CBD (Cannabidiol)
ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНОИЛ® И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
КАНОИЛ® маста содржи маслен екстракт од растението канабис или коноп добиен со екстракција која се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи и со докажано отсуство на хербициди и пестициди.
Маслениот екстракт од коноп содржи канабиноиди, а може да содржи и терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, пигменти, аминокиселини и витамини (А, B1, B2, B6, C, D).
Маслениот екстракт од коноп содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количина под 0,2%.
Канабиноидите, a посебно CBD (Cannabidiol), се врзуваат за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), клетките на лојните жлезди и нервните завршетоци во кожата, при што се постигнува нивниот противвоспалителен и смирувачки ефект.
Канабидиолот во КАНОИЛ® маста, може на местото на нанесуванје да:
- ја намали болката во мускулите и зглобовите;
- ја намали иритацијата предизвикана од топлотни или други штетни влијанија;
- го намали воспалението, црвенилото и чешањето;
- влијае на лачењето на мастите од лојните жлезди (посебно кај кожа со зголемено лачење на лојните жлезди во кожата, поврзано со возраст и хормонален статус);
- го намали прекумерниот клеточен раст (хиперкератоза).
КАНОИЛ® маста содржи и витамин Е, што има поволно дејство при епителизација, регенерација и одржување на тонусот на кожата.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
КАНОИЛ® маста е наменета само за надворешна употреба.
Пред употреба на КАНОИЛ® маста, кожата треба да се исчисти.
КАНОИЛ® маста се нанесува во тенок слој на зафатениот дел на кожата два пати дневно.
При употреба на КАНОИЛ® маста треба да се избегнува контакт со очи.
КАНОИЛ® маста содржи помошни состојки кои можат да ја замастат површината на која се нанесува производот.
КАНОИЛ® маста не содржи вештачки бои и парабени.