Опис
Кој е човекот познат како Сабуро, таинствениот бандит кој ги ограбува богатите и им помага на сиромашните? И која е неговата врска со Јошида, грубиот и темпераментен господар на најпознатиот куклен театар во феудална Јапонија? Младиот Џиро, чирак кај Јошида, е решен да дознае, дури и по цена на сопствениот живот.
Во меѓувреме, Џиро се посветува да го изучи кукларството. Кинши, синот на главниот куклар, го подучува. Кога неговиот спокоен живот во театарот ќе го нарушат банди на гладни, разбунтувани селани, Џиро станува свесен дека постојат и поважни одговорности од неговата вештина. Додека смислува како да му помогне на другар му Кинши и како да си ги пронајде родителите, Џиро наидува на една опасна и моќна тајна
Главниот куклар е наградена со наградата Национална книга за детска литература во САД, а ја носи и титулата „Истакната книга“ според Американското библиотекарско друштво.
Кетрин Патерсон е добитничка на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ во 1998 година, двојна добитничка на медалот „Њубери“, а во 2006 година ја добива и Меморијалната награда „Астрид Линдгрен“ (ALMA).