Опис
Gengigel први запчиња ја ублажува болката и отокот кај Вашите малечки и го забрзува зараснувањето на непцата при никнување на забите.
Gengigel први запчиња е иновативен гел со нов патентиран полимерен матрикс за слузницата на устата. Невидливиот, еластичен и отпорен филм создава ефикасна заштитна преграда и има долготрајно дејство.
Клиничките испитувања покажуваат дека новата формула Gengigel први запчиња побрзо и поефикасно ги ублажува симптомите при никнување на забите за разлика од геловите со локален анестетик.1
Gengigel први запчиња е ефикасен и кај:
повредени непца како последица на паѓање на млечните заби
ранички и улкуси (афти) во устата
воспаление и крварење на непцата од различни причинители
Поради содржината на хијалуронската киселина, која е природнен составен дел на нашите непца, Gengigel Први запчиња е потполно безбеден за употреба. Ако мала количина од гелот се проголта, таа нема да се апсорбира во организмот, ќе се исфрли од телото на ист начин како и храната.
Gengigel Први запчиња не содржи алкохол, шеќер, вештачки ароми, глутен, лактоза, парабени, натриумов лаурил сулфат и генетски модифицирани организми. Производот има пријатен мирис и овозможува на
НАЧИН НА УПОТРЕБА
Слој од гелот рамномерно втријте го на непцата, 3 до 6 пати на ден, односно по потреба. Гелот се лепи на непцата и забите и делува долготрајно.
За продолжено чувство на ублажување на болката се препорачува нанесување на гелот после оброк или пред спиење.
ПАКУВАЊЕ
Туба 20 ml
СОСТАВ
Главна состојка: Sodium Hyaluronate 0,54%
Други состојки: Aqua, PEG 400, Xylitol, Polyvinyl Alcohol, Cellulose Gum, PEG 40 Hydrogenated Castor Oil, PVP, PVM/MA copolymer, VP/Eicosene Copolymer, Glyceryl Laurate, Polycarbophil, Sodium Saccarinate, Monobasic sodium phosphate, Choline alfoscerate, Trisodium phosphate dodecahydrate, Sodium Lactate, Disodium EDTA, Lactic Acid, Sodium Hydroxide.