Најкратките раскази на светот Попули Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 13278 Категорија Ознака:

Најкратките раскази на светот

250 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Попули

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Вилијам Фокнер рекол дека романсиерот е неуспешен автор на кратки раскази, а дека авторот на кратки раскази е неуспешен поет. Ернест Хемингвеј, создавајќи ја својата позната приказна од шест збора, „На продажба. Бебешки чевличиња. Никогаш носени.“, ја комбинира поезијата и драмата во една кратка форма, чијашто популарност расте, иако сè уште останува тешка за достигнување.

Оваа приказна на Хемингвеј со децении служеше како поттик, ставајќи ја на тест способноста на писателите да создаваат свои кратки ремек-дела со секакви видови на инспиративни и духовити резултати, произведувајќи вистински мали драми што се голтаат во еден здив. Сега, оваа веќе добро позната идеја добива нов живот и на социјалните мрежи, каде што корисниците објавуваат сопствени кратки дела онлајн за да ја покажат својата креативност и концизност.

Овие кратки приказни составени од само неколку (најчесто токму шест) збора не можат да се сместат во еден жанр, па дури ни во еден стил, а нивните единствени сличности се во тоа што строго се придржуваат на задолжителното ограничување на зборовите. Некои анегдоти се смешни, други се интроспективни, а трети се навистина трогателни.

Во ова мало издание ви пренесуваме дел од најоригиналните најкратки раскази на светот.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.