Опис
Eucerin Q10 ACTIVE Дневниот крем за лице за сува кожа е специјално направен со коензим Q10, природна состојка во кожата која им дава енергија на клетките, но чија концентрација постепено се намалува со текот на времето. Q10 се бори со знаците на стареење, како што се брчките кај чувствителната кожа*.
Додадените антиоксиданти – витамин Ц, E и Х (Биотин) ја потхрануваат сувата чувствителна кожа.
Во формулата нема мирис, вештачки бои или алкохол, заради што се препорачува за нега на сува и чувствителна кожа, којашто често е склона на иритации. При редовна употреба кожата изгледа помазна и поцврста.
Нема додадени парабени и вештачки бои, што овозможува добра подносливост од кожата.
*иследувања ин витро
Ако за прв пат користите производ од Q10 линијата, ви препорачуваме прво да нанесете мала количина на кожата на внатрешната страна од лактот. Ако немате несакани реакции до следниот ден, продолжете да го користите и за нега на кожата на лицето.
Нанесете наутро со нежна масажа, на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето.
Потоа нанесете Eucerin Q10 ACTIVE Крем за околу очи.
Почекајте пет до десет минути пред да нанесете шминка.
Q10 ACTIVE не содржи вештачки бои, светложолтата боја се должи на природната боја на состојките .
Ако користите за прв пат производ од Q10 линијата, ве замолуваме да го прочитате приложеното упатство. Избегнувајте контакт со очите. Aqua, Glycerin, Ethylhexyl Cocoate, Hydrogenated Coco-Glycerides, Stearyl Alcohol, Butylene Glycol, Cetyl Alcohol, Caprylic/Capric Triglyceride, Butyrospermum Parkii Butter, Glyceryl Stearate Citrate, Octyldodecanol, Tocopheryl Acetate, Ubiquinone, Biotin (vitamin B7), Biosaccharide Gum-1, Sodium Ascorbyl Phosphate, Sodium Carbomer, Trisodium EDTA, Zea mays, Beta-Carotene, Tocopherol, 1,2-Hexanediol, Dehydroacetic Acid, Phenoxyethanol
EUCERIN колекции