Опис
Цветот од камилица (Chamomillae flos) делува противвоспалително, лесно спазмолитички и лесно смирувачки против грчеви и болки во стомакот, а се користи и за разни облоги. Заради пријатната арома се користи и како освежителен напиток. Чајот од камилица не се вари, туку само се прелива со зовриена вода, бидејќи со варење на висока температура од него испарува етеричното масло кое всушност е главната лековита компонента на оваа билка.