Опис
Преведена на повеќе од 25 јазици, БЕБЕ – упатство е продадена во повеќе од 500,000 примероци ширум светот. Оваа е ревидирана и дополнета верзија нуди нови медицински и родителски совети, вклучувајќи:
•Нов дел за моментално пронаоѓање на бараната информација или решение. Чек листи за редовно одржување со цел бебето секогаш да добива навремена и правилна грижа
•Најчесто поставувани прашања и одговори
•Најновите информации поврзани со осетливи теми како што се вакцинации, нишалки за бебиња, позиции на спиење
•И многу повеќе!
Со нејзиниот модерен дизајн, корисни и важни совети, и забавни и духовити “шематски прикази”, БЕБЕ – упатство е и совршен подарок за родители кои очекуваат принова.
Авторот на прирачникот ДР. ЛУИС БОРГЕНИХТ, е лиценциран педијатар во Американската Педијатриска Академија. Тој е посочен како “најдобар педијатар во Јута” од страна на Ladies’ Home Journal и U.S. News and World Report.
ISBN: 978-608-229-708-8
Димензија: 16 х 12 см
Број на страници: 253
Издадена: ноември 2014