Опис
Eucerin AQUAporin ACTIVE Кремот за нега на лице со SPF 25 и UVA заштита е иновативен хидратантен крем за лице, којшто го зајакнува сопствениот хидратантен систем на кожата, а неа ја прави мека, мазна и сјајна. Истовремено ја заштитува кожата од оштетувањата предизвикани од UVB и UVA зраците.
Кожата има потреба од вода за добро да функционира. Добро хидрираната кожа е мазна, нежна и со убав сјај. Кога ќе се наруши природната заштитна бариера на кожата, таа ја губи влажноста и станува дехидрирана. Дехидрираната кожа нема сјај, затегната е и не може да се спротивстави на надворешните иританси. Како резултат на тоа станува чувствителна. Неопходна е интензивна и долготрајна хидратација, за да може да изгледа и да се чувствува одлично.
Повеќето хидратантни производи ја подобруваат хидратацијата на кожата, со тоа што го ограничуваат испарувањето на водата од неа и/или ја задржуваат влагата во горните слоеви со хумектанти како глицерин. Кожата има свој сопствен хидратантен систем – аквапорините. Тие пренесуваат вода меѓу клетките на кожата и ја поддржуваат хидратацијата одвнатре. Eucerin AQUAporin ACTIVE ја зголемува природната сила на аквапорините. Формулата содржи глуко-глицерол, исклучителна хидратантна состојка којашто докажано го зголемува бројот на аквапоринските канали во кожата. Тоа значи дека покрај ограничувањето на испарувањето и задржувањето на вода во надворешните слоеви на кожата, Eucerin AQUAporin ACTIVE го зајакнува и сопствениот хидратантен систем на кожата.
Кадифената текстура на Eucerin AQUAporin ACTIVE Кремот со SPF 25 и UVA заштита за нормална кожа обезбедува интензивна 24-часовна хидратација, којашто брзо се впива во кожата. Го смирува чувството на затегнатост и ја прави кожата мазна и мека. SPF 25 и UVA заштитата исто така ефикасно ја заштитуваат кожата од оштетувања предизвикани од УВ-те зраци. Eucerin AQUAporin ACTIVE е со клинички и дерматолошки докажана компатибилност со чувствителната кожа и не содржи мирис и парабени.
Нанесете од кремот наутро и навечер, со нежни масажни движења на лицето, вратот и деколтето. Избегнувајте контакт со очите.
Aqua, Glycerin, Octocrylene, Ethylhexyl Salicylate, Butyl Methoxydibenzoylmethane, Alcohol Denat, Glyceryl Glucoside, Bis-Ethylhexyloxyphenol Methoxyphenyl Triazine, Glyceryl Stearate Citrate, Hydrogenated Coco-Glycerides, Cetearyl Alcohol, Phenylbenzimidazole Sulfonic Acid, Tocopherol, Tapioca Starch, Ethylhexyl Stearate, Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Sodium Carbomer, Trisodium EDTA, 1,2-Hexanediol, Caprylyl Glycol, Phenoxyethanol
EUCERIN колекции