Eucerin aquaporin active крем за нормална до комбинирана кожа, 50 мл Хидратација & Заштита Kiwi.mk
Share:
Deal
Категорија Ознака: Brand:

Eucerin aquaporin active крем за нормална до комбинирана кожа, 50 мл

Eucerin AQUAporin ACTIVE Кремот за нормална до комбинирана кожа е освежувачки хидратантен крем за лице, којшто го зајакнува сопствениот хидратантен систем на кожата и ја прави кожата мека, мазна и сјајна.

ден

Нема на залиха

Категории: Хидратација & Заштита

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Eucerin AQUAporin ACTIVE Кремот за нормална до комбинирана кожа е освежувачки хидратантен крем за лице, којшто го зајакнува сопствениот хидратантен систем на кожата и ја прави кожата мека, мазна и сјајна.

Кожата има потреба од вода за добро да функционира. Добро хидрираната кожа е мазна, нежна и со убав сјај. Кога ќе се наруши природната заштитна бариера на кожата, таа ја губи влажноста и станува дехидрирана. Дехидрираната кожа нема сјај, затегната е и не може да се спротивстави на надворешните иританси. Како резултат на тоа станува чувствителна. Неопходна е интензивна и долготрајна хидратација, за да може да изгледа и да се чувствува одлично.

Повеќето хидратантни производи ја подобруваат хидратацијата на кожата, со тоа што го ограничуваат испарувањето на водата од неа и/или ја задржуваат влагата во горните слоеви со хумектанти како глицерин. Кожата има свој сопствен хидратантен систем – аквапорините. Тие пренесуваат вода меѓу клетките на кожата и ја поддржуваат хидратацијата одвнатре. Eucerin AQUAporin ACTIVE ја зголемува природната сила на аквапорините. Формулата содржи глуко-глицерол, исклучителна хидратантна состојка којашто докажано го зголемува бројот на аквапоринските канали во кожата. Тоа значи дека покрај ограничувањето на испарувањето и задржувањето на вода во надворешните слоеви на кожата, Eucerin AQUAporin ACTIVE го зајакнува и сопствениот хидратантен систем на кожата.

Лесната и освежавачка текстура на Eucerin AQUAporin ACTIVE за нормална до комбинирана кожа обезбедува интензивна 24-часовна хидратација и лесно се впива во неа. Го смирува чувството на затегнатост и ја прави кожата мазна и мека. Eucerin AQUAporin ACTIVE е со клинички и дерматолошки докажана компатибилност со чувствителната кожа и не содржи мирис или парабени.

Нанесете од кремот наутро и навечер, со нежни масажни движења на лицето, вратот и деколтето. Избегнувајте контакт со очите.

Aqua, Glycerin, Dicaprylyl Carbonate, Octyldodecanol, Glyceryl Glucoside, Distarch Phosphate, Glyceryl Stearate Citrate, Cetearyl Alcohol, Butylene Glycol, C12-15 Alkyl Benzoate, Carbomer, Sodium Polyacrylate, Dimethicone, Alcohol Denat, Caprylyl Glycol, Piroctone Olamine, Phenoxyethanolc

EUCERIN колекции

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.