Опис
Кондровит комплекс капсулите се диететски производ, додаток во исхраната кој содржи хондроитин и глукозамин, наменет за опоравување на зглобните структури. Во нормални околности ‘рскавицата на зглобот постојано се троши и обновува. Доколку во овој процес дојде до неурамнотеженост, односно ако трошењето на ‘рскавицата е поголемо од нејзиното обновување настанува артроза (пропаѓање на ‘рскавицата). Се препорачува кај лица со дегенеративни и ревматски промени во зглобовите и ‘рскавиците, отежната подвижност на зглобовите како и кај спортски повреди и трауми. Дозирање 2 капсули дневно минимум 4 месеци.