Опис
Здравата рамнотежа на цревната микрофлора може да биде нарушена од голем број на фактори, како што се:
вирусни и бактериски цревни инфекции (на пример: ротавирус инфекции при патување),лекување со антибиотици,несоодветна или неизбалансирана исхрана,стрес,нарушен биоритам.
Линекс Комплекс содржи:
Пробиотик: Lactobacillus rhamnosus GG.
Витамини: B1 (тиамин), B2 (рибофлавин), B6 (пиридоксин)
Минерал: Цинк
Млечно – киселински бактерии / Lactobacillus rhamnosus GG
Лактобацилите (млечно-киселински бактерии) покрај другите бактерии од цревната микрофлора, се нормално присутни во тенкото и во дебелото црево. Тие ја одржуваат структурата на интестиналните клетки и нивните врски, ја одржуваат здравата киселинско – базна рамнотежа која е потребна за нормално функционирање на дигестивните ензими, го спречуваат прекумерниот раст на штетните бактерии, влијаат на цревната подвижност (перисталтика) и го стимулираат имунолошкиот систем.