Опис
Оваа книга ги обработува теоријата и практиката на корпоративните финансии.
Не е потребно да објаснуваме зошто финансиските менаџери мора да ги усовршат практичните аспекти на нивната работа, но треба да образложиме зошто „приземјените“ менаџери треба да се занимаваат со теорија.
Менаџерите учат од искуството како да се справуваат со рутински проблеми. Но најдобрите менаџери исто така се способни да одговараат на промените. За да се направи ова, потребно е повеќе од воспоставените „правила на палецот“, мора да разберете зошто компаниите и финансиските пазари се однесуваат така како што се однесуваат. Со други зборови, потребна е теорија за финансии.