Опис
Во содржината на оваа книга се дадени концептите од неколку примери за развој на руралниот туризам и за одржливиот бизнис во Европа, Северна Америка, Австралија, Средниот Исток и во Јапонија. Овој висококвалитетен текст ги интегрира најновите размислувања за развојните стратегии во областа со правење компарација меѓу локалните и глобалните прашања. Одбрани автори од сите наведени земји даваат едно богатство од теорија и од практика, во вид на зачин кој му дава посебен вкус на ова дело, и секој читател го поттикнува на истовремено уживање и размислување.
Уредниците на ова издание, Дерек Хол, Ајрин Киркпатрик и Мораг Мичел, се поранешни колеги од Одделот за управување со слободното време и туризам при Шкотскиот земјоделски колеџ. Книгата произлезе како иницијатива од овој Оддел. За нејзиниот економски аспект дава придонес Мораг Мичел, во делот за рекреативен резвој се вклучува Ајрин Кирпатрик, а темите за рекреирање на пензионери во внатрешноста на земјите ги разработува Дерек Хол.
Значењето на руралниот туризам и неговата улога во одржливоста на бизнисот никогаш не биле поочигледни. Во многу земји постои јасна потреба за негово потврдување и адекватна политичка волја за одржливост на руралниот туризам. Една од тие земји е, секако, и Македонија. Со издавањето на оваа книга добивме одлично четиво за искуствата од другите земји кои може да ги адаптираме и примениме во наши услови.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.