Историја на политичките идеи, том 2 Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 10591 Категорија

Историја на политичките идеи, том 2

1,275 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Во изразот „историја на политичките идеи“, зборот историја изгледа како да е поважен од зборот политика. Историја на политичките идеи е нераздвоен дел од историјата на институциите и од историјата на општеството, од економските доктрини, од философијата, религијата, технологијата итн. Авторот не прави детална анализа на политичките системи, туку ги разгледува тие системи од аспект на нивното егзистирање во одредена епоха или општество.
Жан Тушар
(1918–1971) е француски политиколог и историчар. Бил културно аташе во Аргентина и генерален секретар на Националната фондација за политички науки.
Во Книга 1 пишува за Грција и за хеленистичкиот свет, за Рим и за почетокот на христијанството, за раниот среден век и за хиерократскиот емпизизам, за средниот век и за папската власт, за крајот на средниот век, за обновата на идеите при политичките конфликти во
16 век и за подемот и за падот на апсолутизмот.
Во Книга 2 се осврнува на епохата на просветителството, револуционерната мисла и на контрареволуцијата, движењето на политичките идеи во 19 век и создавањето на марксизмот, либерализмот, традиционализмот и на империјализмот во периодот од 1848 до 1914 година, социјализмот и револуционерните движења, ленинизмот и фашизмот. За крај, како заклучок, се наметнува појавувањето на новиот национализам.
Одлично дело кое се наметнува како задолжително четиво за секој политиколог.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.