Право на животна средина Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 1146 Категорија

Право на животна средина

1,890 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Агата ван Ланг е професор по право на Универзитетот „Рошел“, Франција. Таа пишува за една релативно современа тема која датира од поново време. Секако дека како што минува времето ова право сè повеќе добива на својата важност и, секако, има простор за негова надградба.
Веднаш, уште на самиот почеток, авторката го поставува прашањето дали правото на животната средина е прагматизам или идеализам. За да се даде што подобар одговор на ова прашање, во првото поглавје се разгледува раѓањето на идентитетот на ова право, формирањето на неговата цел и неговото структуирање. Во понатамошниот текст се разгледува принципот загадувач-плаќач, неговото значење и правна форма.
Се разбира дека ова право мора да биде ускладено со уставот и да се отвори можноста за негова кодификација и автономија. Се прават напори за надминување на традиционалните противречности во насока на одржливиот развој и економскиот раст. За таа цел се става во законска рамка управувањето и заштитата на животната средина. Разгледани се инструментите за целна заштита на флората и на фауната, на деликатните средини и пејзажи. Во склоп на овие инструменти се содржат ограничувања и санкции за штетите нанесени врз животната средина, како и законски рамки за борба против загадувањата.
Ова е одлична книга за сите што се грижат за животната средина и разбираат колку е важно таа да се зачува. Да ја прочитаме книгата и да продолжиме да даваме поддршка за дополнително унапредување на правото за заштита на животната средина.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.