Административното право на земјите од европа Право Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 189 Категорија

Административното право на земјите од европа

1,600 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Право

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Книгата е поделена на три дела и на еден завршен дел во вид на заклучок. Првиот дел ги презентира основите на административното право, во вториот е дадено правото содржано во административните одлуки, а третиот дел ги разработува секундарните гранки на административното право. Во заклучокот се споредуваат Европското право и Француското право.
Автор на оваа книга е Мишел Фромонт. Тој е почесен професор при Универзитетот од Париз и прави обид за систематизација на административното право, анализирајќи го истото одделно во повеќето земји-членки. Ако поимот јавна администрација е речиси ист во сите европски земји, тоа не е случај за поимот административно право. Во рамките на една книга со ограничени димензии е возможно да се претстават само специфичните правила на административната активност, иако таа насока не е ригирозно следена особено во поглед на договорите и на одговорноста на администрацијата, кои се во голем дел регулирани преку приватното право во одделните земји.
Овој текст не претендира да стане еден вид правна енциклопедија што би ги опфатила сите административна права од сите држави, туку истражувањето се ограничува на најфундаменталните правила и институции, како и на најкарактеристичните елементи од истражуваните правни системи.
Накусо кажано, секој што сака да разбере како функционира административното право во ЕУ се наоѓа пред вистинската книга со која може да отпочне сложувањето на мозаикот што понатаму треба да даде појасна слика за нештата.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.