Novalac it 0-6 месеци млечна формула, 400г Бебе Формула Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: NOVALA20 Категорија Ознака: Brand:

Novalac it 0-6 месеци млечна формула, 400г

 

590 ден

Нема на залиха

Категории: Бебе Формула

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Почетната млечна формула Novalac IT е прилагодена за доенчиња со запек од раѓање до 6 месеци.

Опширен опис:
Novalac IT млечната формула е прилагодена за доенчиња со запек од раѓање до 12 месеци, ако мајките не ги дојат. Novalac IT ги задоволува сите нутритивни потреби за доенчиња до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци е дел од разновидната исхрана.
Кај доенчињата со запек во исхраната се препорачува употреба на млечна формула Novalac IT.
Novalac IT е единствена млечна формула со зголемена количина на лактоза и магнезиум за полесно празнење на цревата и спречување на запек кај доенчиња.
Зголемената количина на лактоза има двојно дејство: привлекува вода во дебелото црево и на тој начин ја омекнува столицата, а истовремено има пребиотски ефект, бидејќи како храна за корисните бактерии во цревата го забрзува нивното размножување и со тоа го зголемува волуменот на столицата.
Покрај тоа Novalac IT има зголемена количина на магнезиум кој привлекува вода и со тоа ја омекнува столицата, го зголемува волуменот на столицата и влијае на перисталтиката на цревата и со тоа се овозможува често и лесно празнење на цревата.
Млечната формула Novalac ITги задоволува сите нутритивни потреби на доенчињата, бидејќи е збогатена со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува важните аминокиселини, минерали и витамини.
Novalac IT е дел од големата група на посебно прилагодени производи за доенчиња со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
За кого е наменета Novalac IT?
Доенчиња кои често имаат тврда столица
Доенчиња кои имаат столица помалку од два пати неделно
Доенчиња со запек
Доенчиња со отежнато празнење на цревата (плачат и силно се напнуваат)
Доенчиња од раѓање до 6 месеци
Yпотреба
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac IT:

До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 г млечна формула Novalac IT.
Една доза растворете во 30 мл вода.
* како дел од разновидната исхрана

Упатство за употреба: Подготовка на Novalac
ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ
Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.
Водата за припремање на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.
Водата во садот оладете ја до 40 °C и ставете ја во шишенцето.
Во шишето ставете го препорачаниот број на мерици млеко.
Шишенцето затворете го и добро измешајте за прашакот потполно да се раствори.
Подготвениот оброк оладете го да стане млак (37 °C) односно додека на кожата не осетите ни топло ни ладно.
Предупредувања
Mајчиното млеко е најдобрата храна за дооенчиња. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.
Пакување
лименка, 400 г

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.