Опис
Никој не може да каже колку точно човештвото му должи на брилијантниот и на упорниот Шкот, кој, откако првпат го забележал неверојатниот бактериолошки ефект од една случајна мувла врз една култура, никогаш не го заборавил значењето на таа своја опсервација – како што пред него не беа заборавиле Листер и другите – а на крајот, по повеќегодишен застој, да стане сведок на создавањето на прочистениот пеницилин.
Во оваа приказна за еден срамежлив и мил гениј, Андре Мороа, со својот исклучителен талент за пишување биографии, успева да создаде не само современа романтична научна приказна туку и да му оддаде соодветно признание на еден голем човек.
„Мороа е објективен, суптилен, доследен на вистината, грижлив кон деталите, со имагинација на вистински биограф… а, Хопкинс толку добро го превел неговото дело што читателот никогаш го нема чувството дека чита книга која оригинално не е напишана на англиски јазик“, Сирил Коноли, во Сандеј тајмс.
„Неоспорно, станува збор за една од најпоттикнувачките некогаш напишани приказни за успехот. Мороа… искажува необично полно со симпатии разбирање кон молчаливиот Шкот“, Харолд Николсон, во Обзервер.