Опис
Основната функција на оваа книга е спојувањето на информациите од областа на преработка и користење на животинските нуспродукти. Целиот текст е исполнет со најнови информации со посебен акцент на загриженоста поради новите болести кај животните кои би можеле да се пренесат и преку преработена храна на ниски температури и новите мерки на претпазливост што се преземаат во индустријата за рендерирање (топење на масти).
Одлично четиво за сите заинтересирани за преработка на нуспроизводи или за нивно користење, за оние што се заинтересирани за рециклирање, како и за сите што се вклучени во здравството и работат на превенцијата од болести добиени од животните. За поздравување е секоја индустрија што преработува отпад во вредни производи и го намалува загадувањето кое би го предизвикало тој отпад. Во таа смисла, треба да ги поздравиме и авторите на оваа книга за својот придонес кон преработката на отпадот.
Херберт В.Окерман е професор при Катедрата за наука за животни на Универзитетот во Охајо, а Конли Л.Хансен е професор при Катедрата за исхрана, диететика и за храна како и при Катедрата за биологија и за наводнување на Универзитетот во Јута.
По поглавија се обработени следниве теми: историја на преработката на животински нуспродукти, споредни месни производи кои можат да се јадат, рендерирање (топење масти), кожа и нејзини нуспроизводи, лепило и желатин, ткива од коски кои може да се јадат, медицинска и фармацевтска употреба на нуспроизводи, обвивки за колбаси, користење на крвта, храна за домашни миленици и за егзотични животни, нуспроизводи од морски плодови, нуспроизводи од живина и обработка на животинскиот отпад.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.