Земјена архитектура Архитектура Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 162 Категорија

Земјена архитектура

1,290 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Архитектура

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Се проценува дека меѓу една третина и една половина од населението во светот (приближно три милијарди луѓе на шест континенти) живее во градби изградени од земја. Земјиштето по кое чекориме и на кое ги одгледуваме нашите земјодеслки култури е најшироко распространет градежен материјал на нашата планета. Архитектите му приоѓаат на градењето со земја како на примитивна антииндустриска технологија наменета за сиромашни или, пак, со ентузијазам како кон одржлива, приспособлива и префинета технологија која, сепак, е соодветна за  претворање во стока за продажба.
Авторот на оваа книга, Роналд Раел, нуди балансирано преиспитување на главните прашања во врска со земјената архитектура, како и преглед на 40-те најинтересни градби. Тој е архитект и професор асистент по архитектура на Универзитетот „Баркли“ од Калифорнија. Основач е на
EarthArhitecture.org, место каде што може да се најдат многу информации врзани за темата.
Постојат околу дваесет различни методи на употреба на земјата за изградба на ѕидови, подови и покриви со различни димензии и форми. Адаптибилноста на материјалот дозволува да се одговори на побарувањата што доаѓаат од разни контексти, култури и епохи, вклучувајќи цел еден спектар на архитектонска историја, од античката до модерната ера. Во оваа книга е посветено повеќе внимание на модерната ера при што е понуден широк спектар на модерни живеалишта од земја, движејќи се од наједноставните до чудесно луксузните. Еден од најстарите градежни производи во светот сега станува еден од најнапредните одржливи градежни материјали. Градбите од земја се естетски привлечни исто колку што се и еколошки осмислени.
Покрај професионалните архитекти, ова издание може да го земат и сите оние ентузијасти што сакаат да се впуштат во градење со земја. Можностите се неограничени.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
arhitektura@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.