Опис
„Заборавениот  крал Гуду“ е ремек-дело на авторката Ана Марија Матуте и еден од најдобрите  романи на овој век. Преполн бајки и фантазии, ги опишува раѓањето и ширењето на  кралството Олар, во метеж од ликови, авантури и симболички пејзажи:  мистериозниот Север, негостољубивите степи на Истокот и Југот, богати и бујни, што  го ограничуваат распространувањето на кралството Олар, во чија судбина учествуваат  една лукава девојка од Југот, магијата на еден стар волшебник и правилата на  игра на едно суштество од подземјето.
Овој  роман е една голема метафора за човекот и за неговата историја. Реалноста и  легендите, минатото и иднината се измешани во фикција што се храни со грижи,  сомнежи и желби што со векови ја поттикнуваат човечката природа и владеат со  неа.























