Опис
„Симфонија на звуци и вкусови“, ,,Враќањето во Панџрурд” е приказна за големиот поет Рудаки (858 – 941), еден од татковците на персиската поезија, кој, откако го
губи статусот на султанов миленик и за казна е ослепен и избркан од палатата, воден од едно неуко момче – неговите „очи“ – тргнува на пат кон својот роден град Панџруд, каде набрзо и го испушта својот последен здив. Долгите и прашливи патишта на Персија вибрираат во дослух со нежните спомени на Рудаки, напоени со длабокоумни пораки за вистината и љубовта, но и извалкани од интриги и политички
завери чиј сведок (а и непосреден учесник) неретко бил и самиот поет. И додека пред читателот синестетички и речиси кинематографски се анимира еден свет оддалечен со километри и векови,
Враќањето во Панџруд полека прераснува во продолжена алегорија за начинот на кој може да се живее животот, за можноста постојано да се спознаваш и пронаоѓаш себеси.