Опис
Единствен неевропски добитник на Гонкуровата награда, романот „Враќање во Акадија” е приказна за вдовицата Пелагија, која во доцните седумдесетти години од 18 век го води својот акадски народ назад во Големата Долина на американскиот југ, од каде што биле прогонети во 1755 година.
Нејзиното патување е двојна Одисеја, онаа на луѓето од кочијата кои се враќаат дома, кои ги прогонува кочијата со духови, кочија на смртта, чиј водич е стариот раскажувач Белони, и онаа на бродот на духови, едреник кого го предводи капетанот Босолеј-Брусар, посветен на истата цел, да ги однесе луѓето дома.
Она што восхитува во сета оваа епопеја не е само приказната за херојството на оваа жена, која во себе ја носи сета храброст на предците, туку и јазикот на Маје – оној груб, насилен, експресивен француски јазик. Јазикот на кој пишува е специфичен и во него се претопуваат стари, дијалектни зборови и литературен јазик.
Оттука, романот е спој на авантурата, страста, фрустрациите, агонијата и радоста да и` се даде нов лик на старата Акадија.