Опис
Оваа класична книга за формалните јазици, за теоријата на автоматите
и комплексноста на пресметувањето е ажурирана за да ги претстави
теориските концепти на концизен и едноставен начин, со зголемено
покривање на практичните примени. Ова трето издание им нуди
на студентите помалку формален стил, а во исто време обезбедува
најдостапно покривање на теоријата на автоматите, солиден третман
на конструкциски докази, голем број слики и дијаграми за полесно
пренесување на идеите, како и рамки во кои се потенцира поврзаната
материја. Нова карактеристика на ова издание е Gradiance, алатка
за изработка на домашни задачи и оценување, заснована врз Веб. Во
секоја глава се понудени поголем број вежби, вклучувајќи и избрани
задачи во Gradiance, како вистинско практично искуство за учениците.