Вовед во нелинеарни парцијални диференцијални равенки Стручна литература Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11483 Категорија

Вовед во нелинеарни парцијални диференцијални равенки

1,275 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Стручна литература

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Практичен вовед во нелинеарни ПДР и нивната реална примена
Оваа популарна книга за нелинеарни парцијални диференцијални равенки (ПДР) содржи зголемен обем на централни теми на применета математика во елементарен, лесно читлив формат, којшто е достапен за студенти и истражувачи во полето на чистата и применетата математика. Книгата дава нов фокус на зголемена употреба на математичките примени во општествените науки, додека во исто време ги посочува главните теми, како линеарни ПДР, нелинеарни ПДР од прв ред, класични и лесни решенија, снопови, хиперболични системи, нелинеарни дифузии и елиптични равенки. За разлика од други слични книги што користат само формални докази и теории за прикажување на резултатите, Вовед во нелинеарни парцијални диференцијални равенки, Второ издание зазема попрактичен пристап кон нелинеарните ПДР преку потенцирање на тоа како се користат резултатите, зошто се важни и како се применуваат при реалните проблеми.
Испреплетената врска меѓу математиката и физичкиот феномен е откриена преку користење детални примери на примена низ различни области, како што се биологија, согорување, тек на сообраќај, пренос на топлина, хидромеханика, квантна механика и теорија на хемиски реактор. Новите карактеристики на второто издание исто така вклучуваат:
  • Дополнителни вежби од средно ниво што го олеснуваат развојот на напредните вештини за решавање проблеми
  • Нови примени во биолошките науки, вклучително структура на возраста, формирање модел и размножување на болестите
  • Проширена библиографија што го олеснува натамошното истражување во специјализираните теми 
Со засебни, самостојни поглавја и широк опсег на покриеност што им нуди на инструкторите флексибилност за креирање курсеви за запознавање со одредени, специфични цели, Вовед во нелинеарни парцијални диференцијални равенки, Второ издание е идеален текст за курсеви за применета математика на додипломски и постдипломски студии. Исто така служи и како вреден ресурс за истражувачите и професионалците во полето на математиката, биологијата, инженерството и физиката, коишто би сакале да го зголемат своето знаење за ПДР.
Џ. ДЕЈВИД ЛОГАН, Д-Р, е „Вила Картер“ професор по математика при Универзитетот Небраска – Линколн. Автор е на неколку учебници за елементарни диференцијални равенки и почетни парцијални диференцијални равенки, вклучително Applied Mathematics, Third Edition (Применета математика, Трето издание), исто така издадена од Wiley (Вајли). Интересите за истражување на д-р Логан вклучуваат: математичка физика, согорување и детонација, хидрогеологија и математичка биологија.
Пофалби за изданието:
„Оваа книга е добро осмислена и добро напишана. Авторот успеал во создавањето
учебник за нелинеарни парцијални диференцијални равенки (ПДР), што не е само лесен за читање, туку е и достапен за студенти со различно образование“.
– SIAM Review
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.