Вовед во математичка анализа за економска теорија на економетрија Економија Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 11471 Категорија

Вовед во математичка анализа за економска теорија на економетрија

1,275 ден

Нарачај до 10ч, испорака до врата истиот ден. * вон Скопје + 1 ден

Категории: Економија

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Обезбедувајќи вовед во математичката анализа, како што е применета во економската теорија и економетрија, оваа книга го премости јазот што ги двоеше учењето на основната математика за економија и значајно напреднатата математика задолжителна за економските истражувања денес. Дин Корба, Максвел Б. Стинчкомб и Хурај Земан ги „вооружува“ студентите со знаење за вистинската и функционална анализа и теорија на мерењето што треба да ја читаат и да ја истражуваат во економската и економетриската теорија.
За разлика од другите книги за математичка економија, Вовед во математичка анализа за економска теорија и економетрија има унифициран пристап за разбирање на основните и напредните места преку примена на теоремата за комплетирање на метричкиот систем. Ова е концептот, според кој, на пример, реалните броеви ги комплетираат рационалните броеви и ги мерат комплетните полиња на мерливи групи. Друга уникатна карактеристика на книгата е концентрацијата на математичката основа на економетријата. За да се илустрираат
тешките концепти, авторите користат едноставни примери извлечени од економската теорија и економетрија.
Пристапна и детална, книгата е сеопфатна, давајќи докази и теореми и претпоставки за познавање пресметки и линеарна алгебра на додипломско ниво.
• Започнува со математичка анализа и економски примери достапни за напредни додипломци, со цел создавање чувство за покомплексни анализи што ги употребуваат дипломците и истражувачите.
• Има унифициран пристап за разбирање на основните и напредните места преку примена на теоремата за комплетирање на метричкиот систем.
• Се фокусира на примери од економетрија за објаснување теми во теоријата на мерењето.
„Оваа книга ќе се покаже како екстремно корисна за некој што сака да изучува математичка економија на достапен и интуитивен начин, а во исто време ги започнува напредните концепти. Опсегот на наслови е импресивен, со многу поучни примери. Одличен текст!“ – Јакса Цвитаниќ, Институт за технологија во Калифорнија.
„Преку оваа книга, огромното количество математика употребено во економијата станува достапно и се искачува на повисоко ниво. Преку илустративни примери, авторите постигнале успех во објаснувањето на поголемиот дел на главните идеи на економската теорија. Ова е важен извор на информации за економистите
и одличен учебник за математичките курсеви за студентите по економија“. – Труман Ф. Бјулеи, Универзитет Јеил.
„Како многу потребен учебник за студентите и корисна референција за истражувачите, оваа книга е од огромно значење за економските професии бидејќи премостува примени во математиката и економијата. Со оглед на моменталното техничко ниво потребно за истражување, знаењето на покриената материја, оваа книга е задолжителна за дипломци“. – Хан Хонг, Универзитет Стенфорд
Дин Корба е Рекс А. и Дороти Б. Себастијан Сентениал професор по бизнис-администрација на Универзитетот Тексас во Остин. Максвел Б. Стинчкомб е Е. Ц Мекарти Сентенијал професор по економија на Универзитетот Тексас во Остин. Хурај Земан е истражувач во Националната банка на Словачка и предавач
по применета математика на Универзитетот Комениус во Братислава.
Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.