Вовед во алгоритмите на биоинформатиката Информатика Kiwi.mk
Share:
Deal
SKU: 225 Категорија

Вовед во алгоритмите на биоинформатиката

1,250 ден

Време на достава: утре, 23.12.2024 по 16ч; Надвор од Скопје: од вторник, 24.12.2024 до среда, 25.12.2024 до 17ч

Категории: Информатика

Поврзани производи

Дневна дампинг акција

Опис

Оваа книга е вовед и во биолошките и во алгоритамските идеи, заедно и со нивното поврзување со информатиката поради што го привлекува вниманието, како на студентите по биологија така и на студентите по информатика. Ова е една од првите книги од доменот на биоинформатиката што може да се употреби од страна на студентите на додипломски студии. Се објаснува дека е релативно мал бројот на информатички техники што може да се применат за решавање на практични проблеми во биологијата.
Книгата вклучува двојна табела на содржини организирани според алгоритамска идеја и биолошка тема. Се дискутира за важни биолошки проблеми со нивна детална формулација и понуда на едно или на повеќе решенија за истите. Дадени се и кратки биографии за секој од научниците што учествувал во решавање на проблемот со што се дава дополнителна инспирација за студентите да навлезат подлабоко во материјата и да се заинтересираат за работата на секој од тие научници.
Во книгата се разработени следниве теми:

          алгоритми и нивната сложеност

          вовед во молекуларна биологија

          комплетно пребарување

          алчни алгоритми

          алгоритми за динамичко програмирање

          алгоритми од типот раздели па владеј

          комбинирано совпаѓање на облици

          скриени Маркови модели

          случајни алгоритми

Уредници се Нејл К. Џонс и Павел А. Певзнер. Нејл е професор на Катедрата за компјутерски науки и инженеринг при Универзитетот од Сан Диего, Калифорнија, а Павел е негов колега, професор на истата катедра. Павел е воедно и директор на Центарот за компјутерска спектрометрија на масата што работи во склоп на Универзитетот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Моја нарачка
Сешуте немате нарачка

Looks like you haven't made a choice yet.